Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Поскапува дизелот – Ова се новите цени на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 24.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

C +

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

C +

Кинески пари на европските улици: Запленети 1,2 милијарди лажни евра

C +