Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања. Кај 16-годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27-годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предизвикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата. За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија неколкудневна прогноза

ДЕСК

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК