Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Западот ја добива информациската „војна“, демократскиот блок се консолидираше во комуникациите

„Западот, НАТО или демократскиот блок конечно излезе од онаа вкочанетост или уплашеност од руската пропаганда и од она што го гледаме, западот ја добива информациската или комуникациската ‘војна’ против недемократската пропаганда“ изјави Марјан Забрчанец во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека антидемократската пропаганда не е само руска, туку станува збор за нарушување или напад на демократијата глобално, во целиот свет.

„За прв пат НАТО или западниот демократски блок демонстрира една консолидираност во комуникациите. НАТО има јасна, чиста комуникација. Северна Македонија е дел од тој комуникациски систем и има јасни повторувачки пораки“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека демократијата е посилна од анти-НАТО пропагандата, но дека досега беше разединета и дисперзирана.

„Би рекол дека руската инвазија врз Украина ја обедини демократијата и денес без никаков поголем напор сите НАТО – членки, цел демократски блок има јасни пораки кои што велат – поддршка за суверенитетот на Украина, осуда за нападот на Русија врз Украина и дијалог за мир“ заклучи Забрчанец

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК