„Најдобриот одговор за нападите на министерката Славјанка Петровска стигна од Лондон. Јовано Јованке на македонски јазик е најдобриот одговор што може да го добијат. Тие може уште 500 ботови да соберат и да кликаат до утре сабајле, меѓутоа ечеше Јовано Јованке на сите национални медиуми, на сите национални ТВ, портали. Тоа е многу погласно од нивните кликови од подрумските келии“ изјави Марјан Забрчанец во „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека државата и Владата се спротивставуваат на дезинформациите со активна транспарентност и подобрување на медиумската писменост.
„Во комуникацискиот дел државата и Владата имаат јасна стратегијата во делот на справување со дезинформации. Тоа е активната транспарентност, воведување на медиумска писменост во школите, водење на една консолидирана комуникација, обид да се биде повеќе проактивен наместо реактивен“ изјави Забрчанец.
Коментирајќи ги антидемократските и проруските дезинформации, Забрчанец рече дека демократијата е писилна од анти-НАТО и антидемократијата, но дека досега биле разединета и дисперзирана.
„Би рекол дека руската инвазија врз Украина ја обедини демократијата и денес без никаков поголем напор сите НАТО – членки, цел демократски блок има јасни пораки кои што велат – поддршка за суверенитетот на Украина, осуда за нападот на Русија врз Украина и дијалог за мир“ заклучи Забрчанец.