Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

(Видео) Каевски: ДПМНЕ е доказ како голтарска партија преку криминал може да стане најбогата во Европа

ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој пред седиштето на опозициската партија порача дека „белата палата“ е симбол на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од мала ‘жолта куќа’ до ‘бела палата’ на 7 ката вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси“, посочи Каевски.

Според него, бројните судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и предмети кои уште се пред судовите во државата покажуваат како ВМРО-ДПМНЕ го стекнала овој имот.

„ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ“, нагласи претставникот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК