Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Регулаторна комисија донесе одлука за цените на горивата кои ќе важат од вечерва

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 21.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 23.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,540%, кај дизелот за 3,264%, кај екстра лесното масло за 3,762% и кај мазутот за 1,054%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,033%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +