Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Го олеснуваме животот на граѓаните со инвестиции и развој на инфраструктурата

„Доколку продолжиме со инвестиции и градење на инфраструктурата ќе расте и задоволството на нашите граѓани и тоа ќе биде на ниво на државите кои во моментов се поразвиени“ рече премиерот Димтиар Ковачевски.

Тој додаде дека тешко е да се биде премиер во најголемата светска криза, предизвикана од воена агресија и во моменти кога Европа излегува од здравствена криза и економски последици предизвикани од истата.

„Сметам дека заедно со тимот во Владата правиме се за да го заштитиме, прво, животниот стандард на граѓаните и тоа го потврдивме преку покачувањето на минималната плата и преку покачувањето на пензиите“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата исто така обезбеди финансиска помош за најранливите категории на граѓани на кои им треба помош за полесно поминување на кризата.

„Сметам дека ја докажуваме одговорноста и постојано работиме да ги заштитме граѓаните од ценовни шокови преку сите мерки кои беа преземени“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК