Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата ќе одвои 120 милиони денари за сместување и помагање на бегалците од Украина

Владата на денешната 30-та седница го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.

Овие средства ќе ѝ бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности.

Според најновите податоци презентирани од ОН, повеќе од 100.000 луѓе ја напуштиле Украина во изминатите 24 часа, а вкупно три милиони лица избегале од борбите што почнаа на 24 февруари кога руската војска ја нападна земјата.

ОН исто така регистрирале речиси два милиона внатрешно раселени лица. Половина од бегалците се деца.

Високата комисија за бегалци на својата веб-страница околу 11.30 часот по средноевропско време изброи точно 3.169.897 бегалци.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК