23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.

Тренчевска посети две семејства во Прилеп и едно во Кривогаштани: За да чекориме заедно го унапредивме системот на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска посети две семејства во Прилеп и едно во Кривогаштани, кои се приматели на мерките за социјална заштита. Шестчленото семејство на Шенѓул и Ерџан Куртишови е корисник на гарантирана минимална помош, на детски и на образовен додаток. Мерките се дел од реформите на Законoт за социјална заштита, со кои се обезбедува ефикасен одговор во делот на грижата, особено за децата во ризик. Во Прилеп околу 2. 700 граѓани се приматели на гарантирана минимална помош, со што на семејствата во ризик им се помога преку унапредување на системот на социјални услуги, кои стануваат достапни и блиски до граѓаните.

Министерката Тренчевска го посети и домот на Мирка и Јован Столески кои се корисници на правото на траен надоместок за родители кои се грижат за дете со попреченост до 26 годишна возраст. Во Прилеп овој надоместок го користат 550 граѓани.

„Денес Владата ги усвои измените на Законот за социјлани заштита кој, од Владата ќе оди во собраниска процедура за да можеме со исплатата во април на гарантираната минимална помош да овие граѓани ја добијат финансиската поддршка од 1.000 денари на својата сметка. Со пакетот од 26 мерки Владата покажува грижа за сите, особено што тие се наменети за помош на најранливитe категории на граѓани. За мерката финансиска поддршка од 1.000 денари за примателите на гарантираната минимална помош, во наредните три месеци, од антикризниот пакет кој изнесува 400 милиони евра, ќе бидат одвоени околу сто и десет милиони денари. Оваа мерка значи дека 36.000 домаќинства во март, април и мај ќе добијат вкупно 3.000 денари повеќе во семејниот буџет. Со овие средства на примателите на гарантираната минимална помош им помагаме во ублажување на последиците од кризата врз нивниот животен стандард“, рече министерката Тренчевска.

Во прилепското село Кривогаштани, министерката Тренчевска го посети и семејството на Стевка и Благоја Дунимаглоски. При посетата тие ја информираа дека повеќе од две години се приматели на социјална сигурност за стари лица (социјална пензија).

„Со реформите во социјалната заштита од 2019 година го воведовме правото на социјална сигурност за стари лица, популарно наречена социјална пензија. Ова право го користат граѓаните кои на било кој начин не остваруваат право на пензија, а се материјално необезбедени. По навршувањето на 65 години, овозможивме овие лица да се стекнат со правото за социјална пензија. Креираме политики за да чекориме заедно кон подобро општество “, рече министерката Тренчевска.

Правото на социјална пензија кое изнесува 6.317 денари, го користат 10.028 граѓани во државата.