Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност и температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК