Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Регионалните медиуми со пофалби: Додека цените на горивата секаде растат, во Северна Македонија паѓаат

Мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните донесени од Владата предводена од Димитар Ковачевски се најдоа во региионалните медиуми како позитивен и светол пример во време на светска економска и енергетска криза.

Медиуми го фалат намалувањето на акцизата и ДДВ за горивата, со што додека во цел свет цените на нафтените деривати растат во земјава тие паѓаат.

Со намалувањето на акцизите и ДДВ на горивата цената за бензинот во земјава се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на дизелот падна за 9 денари по литар.

Нова С објави сторија со наслов „Додека горивото во цел свет поскапува, цените во Северна Македонија паѓаат“ каде што ги пофалуваат мерките за намалување на цените на горивата, но и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи.

Со укинувањето на ДДВ на основните прехранбени производи исто така се заштитува стандардот на граѓаните преку недозволување на раст на цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, ориз и јајца.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК