Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

МБА: Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи

Во врска со шпекулативните и невистинити информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со движењата на менувачкиот пазар и девизниот курс ги известуваме граѓаните дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено. Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните. Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво, велат од Македонската банкарска асоцијација

Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период.

Уште еднаш потсетуваме дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните, велат од МБА.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра

C +

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК