14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Далибор Атанасов нов претседател на ОО СДСМ Пехчево

Далибор Атанасов е новиот претседател на ОО на СДСМ Пехчево. Согласно Статутот на СДСМ и одлуката за распишување на внатрепартиски избори, по распишаниот отворен повик за самокандидирање на претседатели на општинските организации Далибор Атанасов е избран за претседател на ОО СДСМ Пехчево.

Далибор Атанасов е роден на 18.11.1991 година во Пула, Хрватска. Своето образование го започнува во основното општинско училиште во Пехчево. Средно образование завршува во Штип во СОУ “Коле Нехтенин”. Далибор своето образование го продолжува на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје каде што и дипломира како дипломиран политиколог. Своето обазование го надоградува со запишување на магистерски студии и се стекнува со титула Магистер по дипломатија и меѓународни односи.

Атанасов од своето полнолетство е член на СДСМ каде што има извршувано и повеќе функции. Почнувајќи од 2011 е дел од ИО на ЛК СДММ Пехчево, додека 2014 година е избран за претседател на подмладокот на партијата во Пехчево и неговиот мандат трае 6 години оносно два мандати. Во 2020 година е избран за претседавач на Надзорен Одбор на СДММ.

Во периодот од 2018-2021 година Далибор Атанасов влегува во Советот на општина Пехчево од редовите на СДСМ.

Далибор Атанасов е голем борец за младинските политики, правична застапеност и правна држава. Во разговор со Далибор Атанасов за порталот центар.мк тој изјави дека ќе биде претседател за сите членови на ОО СДСМ Пехчево и дека ќе биде достапен за сите граѓани на општина Пехчево. Далибор најави дека во периодот што следи ќе го формира својот тим и веднаш започнуваат со работа.

Спонзорирано: