Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Ѓорѓиевски преку општината ја финансира Наталија Митовска и нејзиниот портал Инфомакс, обвини СДСМ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил авторски договор со Наталија Митовска од порталот Инфомакс – медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, објави денес владејачката СДСМ.

На овој начин, со парите на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја плаќа својата пропаганда и ширењето лажни вести во интернтер просторот.

Митовска има договор на 24 илјади денари месечно со Општина Кисела Вода, како и анекс на тој договор со кој се ангажира за наводно изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Митовска не е единствената со која Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучиле договори. Во најголемата економска и енергетска криза, градоначалникот Ѓорѓиевски наместо да работи за граѓаните трошу буџетски пари за полнење на џебовите на негови роднини и пријатели.

Славче Трпевски, кој е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Катастар добил договор на 40 илјади денари, а ароганцијата на опозициската партија и градоначалникот Ѓорѓиевски оди до таму што и братучедката на градоначалникот, Сара Ѓорѓиевска заработува по 30 илјади денари од општината за прием на пошта. Според нејзиниот договор таа е задолежна за прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта.

Договори има и за Кирил Митревски, кој е близок пријател на Ѓорѓиевски и кој заработува по 50 илјади денари, но и други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др. склучиле вакви договори со Општина Кисела Вода со цел да живеат на грбот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК