Додека Македонија, регионот, но и Светот е погодена од пост-ковид и воената економска криза, Општина Ѓорче Петров веднаш откако станала под контрола на опозициската ВМРО ДПМНЕ, склучила договор со две компании во износ од 354.000 денари за набавка на кондиторски производи на 29.12.2021г.
Според рамковниот договор општината на достап на општината ќе бидат луксузни и скапи чоколадни производи.
Чоколадни бомбони, односно чоколаден десерт со фино мелен лешник кој треба да соддржи 32 посто какао, 5 проценти суви материи од млеко, но и 20 до 40 грама мелени лежници на 100 грама проиводи. На листата на производи коi ќе бидат на достап на општината ќе бидат и полкилски бајадери од Краш во картонска амбалажа, а кои ќе соддржат фино мелен лешник, и тоа од 20 до 40 грама лешник на секој сто грама производ.
Ваквите бомбони треба да бидат полкилски и граѓаните за ова ќе плаќаат 555 денари плус ДДВ.
Општината ќе може да нараучува соино млеко во прав кое ќе чини 129 денари. Спакувани кросаани кои треба да бидат со какао и ванила или со вишња и ванила.
Општината ќе се гоштева и со газирани, негазирани и густи сокови. Како и флаширана обична и газирана вода.
Договорите се достапни на следниве линкови Договор 1 и Договор 2.