Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени 5 лица во Скопје, питачеле со своите малолетни деца

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

Притоа, лишени од слобода биле Л.А.(32), С.М.(24), Ш.К.(30), Џ.С.(30) и И.М.(33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Скопје во црно: Во тешка несреќа загина 18 годишно момче

ДЕСК

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК