7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на комеморативната вечер по повод одбележувањето на 79-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

На комеморативната вечер, одржана во рамки на програмата за одбележување на 11 март 1943 година, денот кога 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, Пендаровски присуствуваше и на отворањето на изложбата „Живот“, посветена на преживеаните Евреи кои се вклучија во обновата на Еврејската заедница и во изградбата на новосоздадената македонска држава.

Во своето обраќање, Пендаровски истакна дека историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите.

„Тука не зборувам само за антисемитизмот, туку и за сите други форми на омраза кон различните што се шират низ социјалните мрежи и медиуми насекаде во светот. Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за Холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас“, порача Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.