Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Пријатно бев изненадена од пречекот во Лондон, жалам за лошите коментари на социјалните мрежи

„Не знаев дека на толку добар начин и со таков гест ќе бидам изненадена на пречекот во Обединетото Кралство. Навистина гестот беше убав и онака како што доликува на пријателски земји“ рече министеркат за одбрана, Славјанка Петровска на ТВ21.

Таа додаде дека била прашана пред нејзината посета која е нејзината омилена традиционална песна.

„Искрено жалам и се чувствуам помалку засрамена од делот од јавноста која што се обиде овој пречек не на мене лични, на претставник на нашата држава да го засени со недолични коментари би рекла па тоа пробуди и амбасадата практично на Обединетото кралство да реагира соодветно“ рече Петровска.

Министерката за одбрана ја оцени посетата како успешна, благодарение на заложбите и професионалниот ангажман на на амбасадата на Обединетото кралство во Северна Македонија и на нашата амбасада во Обединетото кралство.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +