Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари ќе се намали околу 11,5 денари и треба да изнесува 80 денари.
Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегуваат од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.
Со намаленото ДДВ за нафтените деривати практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните со што имаме заштита на животниот стандард од една страна, а од друга страна преку мерката се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите, а намалувањето на акцизите се заштитува куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот од намален износ на ДДВ за износот на намалена акциза.
Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободуваат увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.