Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Партијата на пензионерите ја осуди одлуката за скратената посмртнина

Партијата на пензионерите се придружува кон јавно искажаните негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), кој во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд.

Од тука велат дека одлуката да се намали износот на висината на средтсвата што се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во неа нема никакво учество Партијата на пензионерите, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата.

Партијата на пензионерите ги упати сите заинтересирани да побараат одговори и да го искажуваат своето незадоволство исклучиво кон раководствата и органите на СЗПМ или здруженијата на пензионерите кои учествувале со подршка при нивното носење.

Од Сојузот на пензионерите претходно денеска порачаа дека намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е привремена одлука.

Можеби ќе ве интересира

Денес внимавај што правиш: Верувањето за Свети Игнатиј што многумина го почитуваат

ДЕСК

Пуштен во сообраќај патниот правец Струга – “Ќафасан”

ДЕСК

ИТА ЦИКЛОН КОН МАКЕДОНИЈА: Снег ќе “трупа” низ повисоките населени места, студот попушта – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК