Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Застанавме во заштита на животот на украинските граѓани

„Изразувам жалење на ставот на Русија во однос на земјите кои го осудија нападот врз Украина. Ние од самиот поечтоки застанавме на страната на Украина и го поддржавме територијалниот интегритет. Ние сме членка на НАТО и мораме да имаме координиран став. Исто како што ги усогласуваме ставовите со Европската Унија. Кога зборуваме за санкциите, тие санкции се однесуваа на санкции што ЕУ ги имаше воведено уште претходно и се однесуваа кон компании и лица кои ја поддржале акцијата во Украина. Потоа имаше и дополнитени санкции од европските држави. Секоја држава ја моделира надворешната политика согласно тоа што ни се случува. Земји кои го осудија нападот, нападите врз цивилни објекти, како земји кои ја поддржуваат независноста на Украина практично се стават на страната на заштита на животите во Украина.“ – изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на ТВ 24.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК