Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе градиме гасна електрана, а термоелектраните да се трансформираат во гасни

„Во план е изградба на гасна централа, за што ќе има понуди од странски ивеститори, а Владата ја разгледува и можноста за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ваквите проекти треба да бидат разгледани од стручни лица, но дека странските кредитори веќе не финансираат извори на енергија кои загадуваат.

„Во втора фаза е и историскиот проект Чебрен, за кој има реномирани меѓународни фирми кои испратија понуди. Во тек се анализите, а имаме девет големи светски компании кои се заинтересирани за проектот“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека службите прават се што е потребно за овој проект да успее и да влезе во фаза на проектирање и изградба.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

ДЕСК

Претрес во Гостивар, лишено од слобода едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

ДЕСК