12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Охрид, Пецаков

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Охрид се сретна со градоначалникот Кирил Пецаков. Фокус на средбата беше координација меѓу централната и локалната власт, со вклученост на граѓанскиот сектор, интензивно да се продолжи со заедничката грижа за Охридскиот Регион како заштитено подрачје од УНЕСКО.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека во рамките на рокот што беше даден од УНЕСКО, до крајот на февруари е завршен и доставен Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и исполнување на препораките на реактивните мониторинг мисии.

Таа наведе дел од комплексните активности што се нотирани во Извештајот доставен до УНЕСКО, меѓу кои е и почнувањето на изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежен појас во Охридскиот Регион.

Беше истакнато дека од мај минатата година, Општина Охрид продолжи со процесот на отстранување на бесправноизградени објекти на брегот на Охридското Езеро. Дополнително, во 2021 година Охридското Езеро и Студенчишко Блато беа впишани на Рамсарската листа, а во меѓувреме, во рамките на започнатата постапка за прогласување за заштитено подрачје.

Меѓу реализираните активности се и Студијата за валоризација на Охридското Езеро, која беше одобрена и изгласана од страна на Советот на Општина Охрид, како и Планот за управување на Националниот парк Галичица 2021 – 2030.
Костадиновска-Стојчевска информираше дека е формирана експертска група за изработка на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој ќе биде готов до јуни годинава, по што следува координирање и негово усогласување со Република Албанија.

Министерката за култура потсети дека пред неколку дена во Владата се одржа првата седница на новиот состав на Националната комисија на УНЕСКО, потенцирајќи дека претстојат сериозни обврски и затоа треба да се продолжи со ангажманите за исполнување на препораките од УНЕСКО.

„Со посветеност од сите што имаат ингеренции, уверена сум дека во иднина нема да биде доведувано во прашање зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион, туку ќе зборуваме за нови и иновативни начини за заштита и промоција на ова природно и културно богатство во европски и светски рамки“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T