Centar.mk
БИЗНИС

Дел од маркетите се откажаа од екстра профитите – Цените на лебот и натаму се 25 и 27 денари

Ја поддржуваме одлуката на дел од ланците на маркети во државата кои што донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши и ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.

„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил откако ланецот на супермаркети Кипер објави дека цената на лебот во нивните супермаркети ќе го заджат по цени од 25 до 27 денари.

„Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови.А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата„ напиша министерот Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК