Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје

Ограбена е експозитура на Уни банка во близина на Трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец. Три вооружени лица одземале пари од вработените, по што испукале еден куршум. Нема повредени. Во 12,35 инцидентот бил пријавен во полициската станица Центар.

-На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Христијан или малиот Вучиќ од Македонија – кривични пријави за опозицијата, заштита за Алта банка

ДЕСК

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК