Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

202 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Спасовден 2026: Денот кога народот верува дека молитвите имаат посебна сила

ДЕСК

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО, НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четиридневна прогноза

ДЕСК

Понеделник е неработен ден

ДЕСК