7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

НАТО го засилува присуството: Од утре над БиХ ќе летаат борбени авиони, нема причина за загриженост

Нема потреба, но доколку има, тука може да се најдат дополнителни 2.000 членови на ЕУФОР

Немате причина да бидете нервозни ако видите се повеќе членови на ЕУФОР во БиХ, рекоа од Европската Унија и велат дека се работи за превенција.

По дополнителните 500 војници на копно, воените сили на ЕУ одлучија да го зголемат своето присуство на небото на Босна и Херцеговина. Нема потреба, велат, но доколку има, тука би можеле да се најдат дополнителни 2.000 членови на ЕУФОР.

Француски воени авиони
Од утре француските воени авиони ќе бидат видливи на небото над Босна и Херцеговина. Командантот на програмата АЛТЕА во БиХ ја прифати понудата на Франција да спроведе летови за обука.

– Носачот на авиони „Шарл-де-Гол“ моментално има оперативна обука во Медитеранот и од понеделник, 7 март 2022 година, неговиот авион „Рафал“ ќе лета над Западен Балкан, вклучително и БиХ – соопшти ЕУФОР.

Во време кога безбедносната рамнотежа на Европа е нарушена, ЕУ ја покажува својата континуирана посветеност и решеност да поддржи безбедна и стабилна средина во БиХ и на Западен Балкан.

Во последните денови возила на ЕУФОР се забележани на патиштата во БиХ. Претходно, Делегацијата на ЕУ соопшти дека тоа е очекувано, особено на местата каде што претходно биле забележани инциденти.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК