Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

819 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 819 возачи. Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 424 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 395 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК