Centar.mk
СПОРТ

Руските судии добија црвен картон од УЕФА

Европската фудбалска унија (УЕФА) воведе нови снкции кон Русија. Откако попушти под притисокот и ги суспендира клубовите и репрезентацијата од меѓународните натпревари, УЕФА воведе уште една санкција.

УЕФА им покажа црвен картон на руските судии.

„Сметајќи на проблемите и пречките со границите, официјалните лица од Русја во наредниот период нема да бидат делегирани за натпреварите што ги организира УЕФА“, стои во соопштението од Нион.

Русија има два силни судиски тима во европските купови предводени од Сергеј Карасев и Сергеј Иванов. Карасев сезонава судеше четири натпревари во Лигата на шампионите, а Иванов водеше натпревари во Лига Европа и во Лигата на конференциите.

Исто така, во Лигата на конференциите правдата ја делеаа Кирил Левников и Виталиј Мешков.

Можеби ќе ве интересира

Светскиот куп во сноуборд крос по втор пат во ски-центарот Паландокен во Ерзурум

C +

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула!

ДЕСК

Алкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах!

ДЕСК