Centar.mk
БИЗНИСвест

Раст на производството и збогатување на портфолиото на производи на фармацевтската компанија Галеника

Компанијата Галеника, дел од бразилската NC групација, во 2021 година значајно го збогати портфолиото со производи, постигна раст во Србија и на регионалните пазари и продолжи со модернизација во работењето. На пазарот во Србија, Галеника оствари раст на продажбата од 13 проценти во однос на 2020 година, додека на другите регионални пазари (Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), растот на продажбата е дури 33 проценти. Во Србија и регионот, регистриран е 31 производ, додека 29 веќе се пуштени во продажба. Во 2021 година, Галеника оствари раст на производството од 9% во однос на 2020 година.

Освен во регионот, Галеника успешно работи на 13 меѓународни пазари во Европа, Блискиот исток и Африка, каде го зголеми извозот за 14%, додека на ЕУ пазарот успешно регистрираше 19 производи. Институтот за истражување и развој на Галеника, во стратешко партнерство со сестринската компанија од Бразил – EMS, работи на трансфер на технологија за пет производи од новата генерација генерички лекови. Успешно е завршен трансферот на технологија за 2 производи, додека останатите 3 се очекува да бидат завршени до крајот на април годинава.

„Галеника зазема стабилна пазарна позиција за што придонесува бескомпромисната посветеност кон квалитетот и ширење на портфолиото на производи во согласност со современите потреби на потрошувачите. Нашите клучни двигатели за стекнување деловна вредност вклучуваат вложувања, дигитализација и модернизација, како и обезбедување поддршка од заедницата во која работиме. Минатата година ја обележа и интернационализацијата на работењето со значаен раст во регионот и на меѓународните пазари. Меѓународното работење е област каде ќе продолжиме да се развиваме и во текот на 2022 година“, вели Рикардо Виан Маркес, генерален директор на компанијата Галеника.

Продолжува и процесот на дигитализација на компанијата. На патот да стане „интелигентна компанија“, Галеника во 2021 година ја имплементираше SAP Analytics Cloud – најнапредната платформа која комбинира деловна интелигенција (business inteligence), напредна и предиктивна аналитика и можност за планирање во интегрирано деловно опкружување.

Покрај фокусот на континуитетот на производството и снабдувањето, како и безбедноста на вработените, Галеника во 2021 година започна и нов инвестициски циклус со фокус на заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +