Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Калеска-Ванчева: Волјата на граѓаните треба да биде пресликана и во комисиите, како што пропишува Деловникот

„СДСМ и коалицијата имаат мнозинство во Собранието, како претставници на граѓаните што ги избрале. Тоа мнозинство, согласно Деловникот, треба да биде пресликано и во работните тела“ изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Како што кажа таа, Деловникот определува дека во Комисијата за избори и именувања треба да се обезбеди соодветна застапеност на политичките партии како што се застапени во Собранието.

„Претставувањето на граѓаните од Собранието, мора да се отсликува и во работните тела. Замислата на Деловникот е да ни ја олесни работата на парламентарната демократија. Но, опозицијата не ја олеснува, туку врши злоупотреба“ изјави Калеска-Ванчева.

Пратеничката од СДСМ ја обвини опозицијата дека од една страна тврди дека сака да остане принципот на застапеност, но од друга страна е против менување на членовите во Комисијата.

„Ако сте толку загрижени за господинот Фадил Зендели и не сакате да биде разрешен од Комисијата за избори и именувања, отстапете му вие место, повлечете еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“ рече Калеска-Ванчева во дебатата со Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +