Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

За прв пат ќе се исплати надомест за домашно дежурство на вработени во МВР

За првпат 1008 колеги во МВР ќе земат надомест за домашно дежурство, за што во месец јануари 2022 ќе се исплатат 1.400.000 денари. Јануарската исплата ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари, напиша министерот Оливер Спасовски на фејсбук.

-Со новиот Колективен договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат заеднички испишавме историја во синдикализмот во РСМ и го потврдивме слоганот на МПС и МВР дека ‘Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија’.

Како раководство на МВР, ја остваривме целта којашто во 2017 година ја поставивме – квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.

Продолжуваме со создавањето на подобри услови за полицијата за подобри услуги кон граѓаните, вели Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК