Centar.mk
БИЗНИС

„Виза“ и „Мастеркард“ ги блокираа руските финансиски институции

„Виза“ и „Мастеркард“ блокираа неколку руски финансиски институции од нивната мрежа по санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.

„Виза“ соопшти дека презема брзи активности за да се осигура дека санкциите се почитуваат, додавајќи дека ќе донира 2 милиони долари за хуманитарна помош.

„Мастеркард“ исто така најави дека ќе даде придонес од 2 милиони американски долари.

„Ќе продолжиме да работиме со регулаторите во наредните денови за целосно да се усогласиме со нашите регулаторни обврски додека тие се развиваат“, велат од „Мастеркард“.

Можеби ќе ве интересира

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД НОВА РАСПРАВА – Поднесени 400 амандмани, дефицитот планиран на 3,5 проценти

ДЕСК

ВО ДЕКЕМВРИ НОВ ПОВИК ОД ИПАРД III – Поддршка за земјоделците, преработувачите и руралните бизниси

ДЕСК

КИНЕСКА КОМПАНИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА КУМАНОВО – Индустриските зони Новини и Речица во фокусот на разговорите

ДЕСК