Соопштение на СДСМ:
Навремената реакција на Владата базирана врз стручна анализа беше круцијална за заштита на економијата, стопанството и животниот стандард на граѓаните.
Така беше и за време на економската криза од ковид пандемијата, така е за време на енергетската криза, така ќе биде и понатаму. Токму пакетите за економска помош беа оценети позитивно од ММФ со контатација дека се спасени 60 илјади работи места.
Се следи ситуацијата внимателно и во континуитет се реагира, но со издражни и реални мерки, и што е многу важно врз основа на претходно напревени анализи за ефектите и финансиските импликации.
Начинот на којшто опозицијата лицирита без анализа, без фискални импликации, без одржлив начин на финансирање е несоодветен и повеќе личи дека е за дневна политика отколку искрена намера за поддршка. Тоа не се издржани решенија.
Владата веќе подготвува пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи, и тие издржани и реални мерки ќе се најдат наскоро пред пратениците. Се надеваме дека нема да ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира со лицитирање на бројки туку ќе ги поддржи.
Линк до видео: https://youtu.be/AvqLOnJRC_Q