– Ова ни покажува која е вредноста на стабилноста во Западен Балкан и европските перспективи, украинскиот претседател во ситуацијата во која се наоаѓа а која е невозможна подава рака барајќи членство. Тоа покажувa аколку е значајно членството и зошто е толку важно да се продолжи со перспективите за членство.
Јас сум голем поборник за Западен Балкан. За мене овој настан доаѓа во вистнискио време, веднаш после смирување на пандемијата од Ковид, се гледаме овде во европската банка со цел да ја унапредиме соработката,изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.
-Важно е да ставиме до знаење дека во следните години околу 30 млд евра ќе бидат инвестирани во регионот и очекувам само со овој придонес дека ќе се зголеми приходот по глава на жител во регионот за 3,6%. Се надеваме дека тоа ќе ги ублажи шоковите на системите, рече Вархеи.
Секако се обидуваме да ја зајакнеме регионалната соработка.,
-Бидејќи без внатрешна соработка тие 3,6% не можат да бидат создадени и да ги доближиме до слободата на комуникација која ја имаме во слободниот пазар на ЕУ додаде тој.
– Планираме големо поврзување на железниците, енергетскиот сектор, коридори за трансмија на енергија… ЕБОР води 10 од овие вкупно 21 проект и веќе почнуваме со 2 пакет. Сакаме да добиеме апликации за повеќе стратешки проекти исто така кој што ќе обезбедуваат алтернативни извори на природен гас, да ги зголемеме инвестициите преку комбинирање на приватен и јавен капитал, рече Вархеи.
Банката е клучен партнер со овие гаранции особено кога се работи за поголеми инвестиции. Со одобрувањето на овој голем пакет сега е време да се забрза, јас секако се потпирам на сите премиери да обезбедат активност овие проекти од планот да бидат остварени.
Ние сме посветени и ќе ја промениме реалноста на теренот, треба да работиме заедно да го постигнеме овој напредок… Сакаме да видиме овој регион да се приближи до ЕУ побрзо, да има поголем кредибилитет и сигурност во напредувањето кон овој процес. .. Сега е време да го забрзаме процесот на земјите кој веќе требаше да почнат се приклучуваат … живееме во времиња без преседан , рече Вархеи.