Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излета од патот, повредени две лица од Кочани

Две лица од Кочани се повредени кога со автомобилот излетаа од локалниот пат Скопје – Велес, во атарот на населбата Дрма.

„На 27.2.2022, во 19.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје – Велес, во атарот на населбата Дрма, патничко моторно возило ‘мерцедес’, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Е. М. (53) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатничката Ж. М. (55) од Кочани, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК