Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

230 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 135 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Околу 40 индустриски капацитети со А дозволи активни во Скопје и регионот

ДЕСК

Димитријевиќ објави нов скандал: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

ДЕСК

СДСМ: „Манасије српски“ – првиот македонски бот

ДЕСК