Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски од Лондон: Македонската дијаспора е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со македонски граѓани и истакнати професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство. Премиерот Ковачевски и амбасадорката на Северна Македонија во Обединетото Кралство Александра Миовска се заблагодарија на претставниците на македонската дијаспора за редовната и плодна поддршка која ја пружаат на нашата амбасада во Лондон, за промоцијата на Северна Македонија во оваа пријателска земја и за промоцијата на македонскиот јазик и останатите културни белези на нашата татковина.

Премиерот Ковачевски ги запозна нашите државјани со очекувањата од самитот на ЕБОР, како една од најзначајните европски финансиски институции која ги поддржува реформските процеси во земјата за постигнување на стандардите на Брисел во нашата европска интеграција.

На средбата во амбасадата на Северна Македонија во Лондон премиерот Ковачевски го истакна традиционалното пријателство на Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и силната британска поддршка која како држава ја добиваме во сферата на демократизацијата, доброто владеење, отворената Влада, транспарентноста и отчетноста.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ, НО НЕ ДОВОЛНО: Дали инфлацијата ја „изеде“ мартовската илјадарка која треба да биде исплатена во април?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК