8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пропадна пропагандата на ДПМНЕ, Македонскиот културниот центар во Софија го прогласија за непостоечки, а го водеше нивен кадар

„Во Софија не може, но во Белград ќе се отвори македонски културно-информативен центар’’ -вака изгледа пропагандистичко-манипулативниот наслов на порталот Република на една обична вест за посетата на српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ.

Во обидите да се стори се’ за да се попрече затоплувањето на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, ваквите пропагандни гласила не се срамат ни да употребат ноторни и безобразни лаги. Не само што Културно- информативниот центар во Софија е отворен одамна, пред повеќе од 15 години и со него повеќе години раководеше Доста Димовска, овој центар активно работи и во изминативе години под раководство на драматургот и дипломат Сашко Насев.

Пред само еден месец министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, како дел од владината делегација која е во официјална посета на Република Бугарија, го посети Културно-информативниот центар во Софија. Во таа прилика таа нагласи дека центарот е пример за квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и е место за културна размена, едукација, но и место каде што се создаваат вредни пријателства. На средбата присуствуваа истакнати уметници кои соработуваат со македонскиот културен центар.

Дури ни вакви неодамна објавени вести поврзани со овој центар, очигледно не ги спречуваат пропагандистите да ја тераат својата штетна агенда, од која секогаш најмногу страдаат токму македонските национални интереси.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК