Centar.mk
БИЗНИСвест

Рускиот напад веднаш ја намали вредноста на биткоинот за осум проценти

Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин започна воена операција против Украина.

Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано наутро, што е за 8% помалку од претходниот ден.

Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да се намалува како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата вредност од највисокото ниво во ноември минатата година (68.990 долари) поради геополитичките тензии, можноста за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД и ограничувањата на дигиталните средства во некои големи светски економии.

Останатите криптовалути, исто така, остро паднаа во четвртокот рано наутро. Ethereum падна за повеќе од 12%, додека dogecoin ослабе за повеќе од 14%. Последната цена на ethereum и dogecoin беше 2.349 долари и 10 центи.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК