12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Паника на светските берзи

На пазарите на капитал завладеа паника поради руската воена акција во Украина, која иницираше општа распродажба на акциите, додека цените на доларите, златото и нафтата пораснаа.

Најширокиот азиско-пацифички берзански индекс на „МСЦИ“, без јапонскиот, падна за повеќе од 3,2 отсто, при што австралиските акции паднаа за повеќе од 3,0 отсто, а најликвидните кинески компании за 1,3 отсто.

Токискиот „Никеи“ потона за 2,4 отсто.

Се чини дека падот на акциите од Азија ќе продолжи и денеска на берзите во Европа и во САД, а цените на суровините ќе продолжат нагло да растат, што дополнително ги зголемува ризиците од аспект на инфлација и економски раст.

Акциите на индустриските компании за тргување во Њујорк, што го мери индексот „Дау Џонс“, од утринава паднаа за 720 поени или 2,19 отсто, фјучерсите на акциите во кошничката на индексот „С-енд-П 500“ се намалени за 2,26 отсто, додека вредноста на акциите на технолошките компании поврзани со индексот „Насдак 100“ паднаа за 2,73 отсто, покажуваат најновите податоци на CNBC.

Слично е движењето на акциите на европските пазари на капитал. Индексот на „Еуросток 50“ и германскиот „ДАКС“ потонаа за повеќе од 3,5 отсто во почетокот на тргувањето, додека лондонскиот „ФТСЕ“ падна за 2,0 отсто.

Забележаната нестабилност на берзите беше предизвикана од продлабочувањето на руско-украинскиот конфликт, при што индексот ЦБОЕ, кој го мери степенот на страв на Волстрит, во изминатите девет дена скокна за повеќе од 55 отсто.

Геополитичките тензии влијаеја и на приносите на американските обврзници. Приносите на референтните 10-годишни американски обврзници паднаа на 1,8681 отсто од вчерашното ниво од 1,977 отсто. Ќе потонат и приносите на двегодишните должнички хартии од вредност од 1,6 на 1,5 отсто.

Глобалниот пресврт на инвеститорите кон инвестиции во сигурни средства го поттикна скокот на доларот за повеќе од половина процент во однос на кошничката на ривалските валути, на 96,715 поени, додека еврото падна за 0,8 отсто на 1,1220 долари.

Денеска, за прв пат од 2014 година, нафтата го надмина нивото од 100 долари за барел, додека со европската нафта „брент“ утринава се тргуваше по цена од 101,93 долари.

За повеќе од 1,7 отсто скокна и вредноста на златото, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на јануари 2021 година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Северна Кореја во паника – Вчера прв случај на зараза, а денеска шест починати

M T

Германија во паника поради исплатата на гас во рубли, се прават драстични потези

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради слабата работа на нивните градоначалници кои се големо разочарување

M T

Паника во Австрија – Заразено лице со омикрон учествувало на протестите против ковид-мерките

M T

Паника во Данска, лице заразено со новиот сој омикрон било на голем концерт

M T