Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, сите прашања да се решат по дипломатски пат

Tериторијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по рускиот напад врз Украина.

„Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Тој предупреди и дека е важно и како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа. Праша дали власта ќе продолжи со криминал и корупција, како и распродавање на националните интереси.

Работата на политичарите е да воспостават мир, рече Мицкоски и додаде дека политичарите треба да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +