Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Битола, има повредени

На 22.02.2022 во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(60) од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(22) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) од Битола констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

C +

Мицкоски: Сеќавањето на Холокаустот е наша морална должност, а борбата против омразата е наша историска одговорност

C +

СДСМ: Јавниот обвинител мора да биде независен

C +