Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Одлична вест: Следува предвремена исплата на февруарската пензија, еве на кој датум ќе легнат пензиите на трансакциските

Владата на денешната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.

Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 18 март 2026

ДЕСК

ЦЕНОВЕН ШОК ПРЕД ВЕЛИГДЕН: И во буџет-маркетите пазарувањето станува луксуз за македонските граѓани

ДЕСК

Владата најверојатно ќе го намали ДДВ од 18 на 10% за горивата?

ДЕСК