Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Грковска: Ние ќе градиме системски решенија кои нема да бидат врзани ниту за личност ниту за политички партии

„Тоа што се договоривме е дека ние ќе градиме системски решенија кои што нема да бидат врзани ниту за личност ниту за политичка гарнитура, туку за долгорочни и издржани системски решенија кои што ќе бидат апликативни. Ако направиме таков систем, тогаш нема да биде важно дали е некој од некоја политичка гарнитура. Секој ќе одговара ако не ги исполнува работните обврски“, подвлече заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Таа подвлече дека од особена важност е професионалноста на јавната администрација, каде нема да биде важна политичката припадност туку единствено професионалното извршување на обврските.

„Од јавната администрација се очекува чесно, одговорно и ефикасно да си ја врши работата. Многу е важно да сфатат дека се дел од јавна администрација која што треба професионално да си ги врши своите обврски“, посочи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК