Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

266 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАЧАНИ: МВР најави симулациска вежба

ДЕСК

(ФООТ, ВИДЕО) Стигнаа нови полициски теренски возила и комбиња – еве како ќе изгледаат

ДЕСК

РКЕ СО ПОРАКА ДО КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Инвестирајте во мрежата ако сакате помали загуби на вода

ДЕСК