Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Нема нови 250 автобуси, нема проекти, затоа Арсовска се фали со проекти во Дрисла од претходната локална власт, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Данела Арсовска продолжува да се докажува како најслабиот градоначалник на Скопје, не ги реализира проектите што ги најави, стопира веќе започнати работи, а промовира проекти завршени од претходната локална власт на СДСМ.

Арсовска се фали со опремата во депонијата Дрисла, реализирана од претходната локална власт, а не реализира ни еден од своите најавени проекти, освен поставување тоалети и нивелирање на шахти.

Граѓаните ги чекаат новите 250 автобуси. За нив во градскиот буџет нема пари, ама има пари за партиски вработувања.

Инаку опремата за третман на медицинскиот отпад, која ја промовираше Арсовска е набавена и ставена во функција од страна на градската власт предводена од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

За потсетување, Шилегов успеа да ја врати депонијата под управа на Градот Скопје, и да ја претвори во санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад, откако претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ја даде под концесија на италијанска компанија, која не само што не инвестираше 70 милиони евра како што беше договорено, туку и несоодветно го третираше отпадот, доведувајќи го во опасност здравјето на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно шест пријави во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп во последното деноноќие

ДЕСК