Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Универзална сала мора да биде ставена во функција најрано што може

Нема никакви проблеми со проектот за Универзална сала, туку се застанати градежните активности. Сакам да верувам дека тоа е можеби поради промена на градоначалник, не сакам да верувам дека Универзална сала како еден споменик и подарок од Република Бугарија по земјотресот е оставена да пропаѓа поради некои ситни дневни политички поени, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по посетата на основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир.

Посочи дека беа обезбедени средства од претходниот градоначалник за реконструкција на Универзална сала, но, како што додаде, градежните работи не се одвиваат воопшто.

„Јас будно ја следам ситуацијата, и сметам дека доколку имаме надлежност како Министерство за култура и доколку има можност ние ќе интервенираме, бидејќи Универзалната сала како секој друг културен објект да не речам ‘музеј на културата’ мора да биде ставена во функција најрано што може“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Битола – едно лице итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК

Нов грабеж среде бел ден во Аеродром – 50 годишна жена остана без чантата во која имало пари, документи, мобилен телефон…

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнато 15 годишно дете во центарот на Скопје

ДЕСК