Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

289 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 289 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

ДЕСК

Мојсоска: Божиновска е на добар пат Македонија да ја претвори во рударска колонија на странскиот капитал

ДЕСК