ВМРО-ДПМНЕ со насилство во Собраниска комисија спречува да се продолжат процесите за донесување на решенијата за поголеми плати за наставници.
Дали ВМРО ДПМНЕ се обидува да испровоцира инцидент од поголеми размери оценете сами, имајќи во предвид дека токму челниците на таа партија беа креатори на насилството на 24 декември 2011 и нападот врз парламентот во 2017.
На инцидентите кои ги предизвикува ВМРО ДПМНЕ реагираше и СДСМ:
-Еве ја вистината. ВМРО-ДПМНЕ се против поголеми плати на сите наставнички и наставници, на денешната собраниска Комисија насила се обидуваат да го блокиртаат Законот. Срамно, ниско и безобразно. Тоа е вистинскoто лице на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од СДСМ.
– На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени.
Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ.
Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.
Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието.
Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување.
Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против наставниците во основното и средното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на нивните плати?
На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни ниту граѓаните, ниту им е важно образованието, важни им се само личните и партиски интереси, се вели во соопштението на СДСМ.